Обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ
Почитувани,
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски оствари средба со граѓани и членови на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Охрид.
На средбата Мицкоски говореше за актуелната политичка состојба, како и за делувањето на партијата во периодот што престои.
Тој го опиша едногодишното владеење на владата како катастрофално, со последици кои се чуствуваат и имаат огромно влијание врз граѓаните.
-Имаме урнисана економија, безпарица кај народот, урнисано здравство, земјоделие, образование. Еден голем хаос кој е предизвикан од непособната влада, и нивната неработа и непосветеност. Немаат остварено ниту едно големо ветување кое ќе го направи животот на граѓаните подобар. Оваа влада е најлошата досега, истакна Мицкоски.
Мицкоски посочи дека држвата забележува зголемување на долгот, а никаде ги нема парите за кои се задолжува.
-Нема проекти, нема ништо со што можете да кажете подобро се живее. Парите народот не ги гледа. А знаете зошто не ги гледа? Затоа што водат клептоманска политика, затоа што камионите од картелот треба да вртат, луѓето блиски до власта ги добиваат сите тендери, и затоа го укинаа советот за јавни набавки за да може во 4 очи да склучуваат договори. Кога ќе ви кажат дека живот ќе носеле, знајте дека од тоа ништо нема, ќе донесат само бизниси и црни пари за картелот на власт, посочи Мицкоски.
Тој се осврна и на раселувањето на младите и дека државата мора да најде начин да ги сочува во државата, со тоа што ќе понуди решенија за нивните проблеми.
-Македонија не може да си дозволи уште една генерација која ќе биде загубена. Секогаш кога ќе ги погледнам моите студенти гледам луѓе кои што едвај чекаат да го завршат и оформат своето високо образование и да се одвојат од својата земја, затоа што велат овие од власта ветуваа многу, и од овој безизлез, излезот е што подалеку. Им одговарам, немојте, почекајте, работите ќе се сменат. Нивното задржување и создавање подобра иднина ќе биде гавниот наш предизвик. Ќе понудиме решенија, за да вистински се чуствуваат дома со извесна иднина. Сонот на мојата генерација не успеа да се досонува, но сега ние третата генерација политичари имаме шанса да ги поразиме остатоците од транзицијата и да создадеме подобро општество за младите. Плановите за тоа што ќе правиме ќе бидаат содржани во новата програма што е биде нашиот завет за Македонија, истакна Мицкоски.
Тој додаде сите обесправени, жедни за правдини, револтирани, репресирани, да дојдат да излезат на големиот протест пред владата на 2 јуни заеднички да се испрати порака до владата дека е доста, доста е на сите погубни политики. Македонија има сила и Македонија ќе победи!