Соопштение до јавноста - реакција на реакцијата на СДСМ која се однесуваше на прeс конференцијата на Наум Стоилковски

СДСМ упорно се обидува да го прикрие фактот дека во нон пејперот на највлијателните европски земји се нотира неспособноста на оваа власт на СДСМ да спроведе суштински реформи. Впрочем СДСМ повторно се обидува да тврди нешто што и Европа го гледа, а тоа е растечката и сеприсутна корупција која владее. Повторно како и во случајот со “евро за Вицето“ СДСM сакапри очи да ја прави јавноста слепа, а при уши да ја прави глува. Тоа не поминува ниту во Македонија, не поминува ниту во Европа.

Овие забелешки содржани во нон пејперот беа содржани и во извештајот на ЕК, само СДСМ не сака да ги признае. Веќе на сите им е јасно дека реформите не се приоритет на овој картел на власт, туку приоритет им е да си тераат бизниси, да се богатат и да распродаваат државни и национални интереси, додека народот осиромашува, економијата тоне, а државата се раскрчмува.

И Европа се увери во неработењето и неспособноста на власта на Заев исто како што и граѓаните тоа го увидоа во периодот кој измина. Нема напредок во евроинтеграциите исто како што нема ниту 100 илјади денари плата за лекарите, како што нема 500 евра просечна плата, како што нема 500 километри нови автопати, како што нема напредок во здравството, образованието, земјоделството.

СДСМ и Заев бележат крах на секое поле и тоа мора да престане. Почетокот на крајот на оваа ненародна и неспособна власт ќе почне од големиот сенароден протест на 2 јуни пред Владата на Република Македонија.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/05/2018 23:10