Добитничката на седум „Гренд слем“ титули, Венус Вилијамс отпадна на стартот на Отвореното првенство на Франција во тенис.
Триесет и седум-годишната Американка загуби во првиот круг од Кинескињата Цијан Ван со 4:6, 5:7 по 102 минути игра.
За прв пат во 22-годишната кариера, Венус отпаѓа во прв круг на првите два турнири од „големата четворка“ откако го направи тоа и во Австралија.
Во вториот круг Кинескињата ќе игра со Петра Мартиќ, која ја надигра со 6:2, 6:3 нејзината сонародничка и Јафан Ван.
По досега завршените дуели о женска конкуренција, во следното коло се пласираа и Стрицова, Свитолина, Макарова, Корне, Стивенс, Контавејт и Брејди.