Поранешниот премиер Никола Груевски кој во случајот на СЈО „Тенк“ доби затворска казна од две години гостуваше во Дневникот на Сител телевизија и даде свој коментар по однос на судската пресуда и случаите кои се водат против него.

-Како што тргнаа работите со политичкиот прогон уште пред повеќе од една година, можеби и ќе му поверувава со оглед на тоа дека имавме политички монтиран случај. За пресудата во „Тенк“ не се изненадив затоа што уште од првиот ден на судењето, според тоа како судијката го водеше случајот беше јасно. Еден новинар кој со години наназад ги следи рочиштата во судовите, ми спомена во една од паузите дека уште на следење на првото рочиште се посомневал, а веќе по второто и третото одржано рочиште бил сигурен дека ќе бидам осуден, според тоа како судијката го водела случајот, вели Груевски во Дневникот во Сител.

Поранешниот премиер и почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека во текот на рочиштата се имало едно чувство на нееднаквост, вели од едната страна имало дрско однесување, одземање збор од страна на судијката, а на другата страна едно поданичко однесување.

-Јасно е дека станува збор за еден монтиран политички процес каков што немало во Македонија, нешто што е договорено. Самата пресуда не само што беше објавувана еден месец претходно во медиумите и самиот Заев две недели пред објавата на пресуда објави каква ќе биде таа. Тој кажа дека ќе бидам осуден. Да, сметам дека тој ја нарачал. Живееме во време кога дел од судиите се целосно заробени под контрола на власта на принцип на награда давање или казнување, потенцира екс премиерот Груевски.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/05/2018 00:31