Владата предводена од СДСМ донесе одлука за вработување на неопределно време на голем дел од наставниците и професорите во основното образование, со што се реазлизира уште една мерка преку која се унапредува образованиот систем.

Со одлуката на Владата предводена од СДСМ Министерството за образование и наука треба да побара согласност од Министерство за финансии за вработување на лица на неопределено работно време во основното и средното образование, за работни места за коишто може да се оствари полно работно време.

Преку реализацијата на оваа одлука ќе се обезбеди сигурност и стабилност на лицата вработени во средно и основно образование, што ќе придонесе за унапредување на квалитетот на наставата и целокупниот образовен систем.

Владата предводена од СДСМ продолжува со посветено спроведување на мерки што го унапредуваат образовниот систем и ги подобруваат условите за работа на наставниците и професорите.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/05/2018 12:25