Со организирање на еден голем народен протест кој што ќе се случи на 2-ри Јуни во 20 часот пред Владата на Република Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ќе испрати порака до актуелната власт дека и по помината една година доста е со неисполнети очекувања, нереализирани ветувања, комплетно разурната економија. Нема реформи ниту во образованието ниту во здравството, ниту во социјалата, апсолутно празни политички памфлети. Една година на големи разочарувања во Република Македонија. Од партијата ги повикуваат сите добронамерници сите оние обесправени, сите оние разочарани, сите оние излажани од страна на Зоран Заев и политичарите околу Заев, да им се придружат да застанат рамо до рамо со нив, во офанзива, во битка за пораз на како што велат ненародната Влада која што и се случува на Република Македонија.
Заради тиранската платформа.
Заради распродажба на националните интереси.
Заради неуставниот закон за јазици.
Заради катастрофално водените преговори со Грција.
На 2 јуни во 20 часот на голем сенароден протест пред Владата на РМ!