Македонскиот вицешампион Металург повторно ќе аплицира за дополнително место во ракометната Лига на шампиони за наредната сезона, објави клубот од Автокоманда на својата официјална веб страница.
Во текот на наредната недела, преку канцеларијата на РФМ, Металург ќе побара од Европската ракометна федерација на Македонија повторно да ѝ додели дополнително место во Лигата на шампионите за сезоната 2018/2019, каде Вардар, како првак, има директно место во групната фаза.
- И следната сезона Металург има желба и амбиција да биде дел од најсилното европско клупско натпреварување, Лигата на шампионите. Се надеваме дека со нашата игра, нашиот квалитет и со создавачкиот концепт ќе ги задоволиме критериумите на ЕХФ и повторно ќе бидеме дел од ракометната елита, смета Зоран Цветановски, претседателот на Металург.