Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев во дебатната емисија на Алсат-М телевизија, „200“ истакна дека на протестите кои ги организира опозицијата на 2 јуни, народот ќе испрати јасна порака до Владата, порака на незадоволство.

Јанушев вели дека целата јавност е сведок на неработењето на владата на СДСМ и дека протестот кој ќе се одржи за неколку дена е одлична можност да се каже- доста.

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека власта се расфрла со празни флоскули, нема никакви проекти и дека игнорантски и потценувачки се однесува кон граѓаните на Македонија.

-Сите сме сведоци на неработењето на Владата. Да се каже дека Владата работи лошо ќе значи дека барем нешто прават. Тоа не е така. Нема некој во државата што не го знае тоа. Владата не работи ништо. Време е да им се каже доста, вели тој.

Јанушев додаде дека на 2 јуни граѓаните ќе го кажат своето.

Тој заклучи дека сегашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ ќе го победи СДСМ било каде и било кога.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/05/2018 00:56