Владата на СДСМ ја води државата кон пропаст. Немаат визија, немаат план, а животот кој го ветуваа немаат намера никогаш да го донесат, односно донесоа живот само за нивните блиски од картелот во Владата. Потврда за тоа се проекциите на Тевдовски кој во фискалната стратегија до 2021-та година јасно посочува дека не само што нема да се случува инвестициски бум во најважните сектори како што се транспорт и инфраструкура, здравство и спорт и млади, туку и ќе се намалуваат расходите во текот на наредните 3 години.
Ништо ново и ништо неочекувано од оваа расипничка влада која само ветуваше, а буквално ништо не исполнува.
Проекциите за максималните износи на расходи по буџетски корисници, во периодот од 2019 до 2021 година се катастрофални и срамни.
Очигледно е дека нема да се реализира ништо од најавите за инфраструктурниот бум во Република Македонија. Тевдовски за 2019 година проектира расходи во министерството за транспорт и врски во висина од 33,351,983 милиони евра, скоро исто толку во 2020 година и во 2021 година буџетските расходи ги намалува на 26,017,073 милиони евра или за 20% помалку. Всушност и самиот Сугарески од СДСМ си кажа дека нема да се исполни ветувањето од пред изборите кое што им беше и во програмата за изградба на 600 километри автопат. Огромна лага е 600 километри автопат.
Иста е ситуацијата и во секторот здравство. Ветуваа најмодерно здравство, а не само што не инвестираат, туку и стопираат веќе отпочнати проекти. Здравствениот систем не бил полош никогаш до сега. Па така во 2019 година проекциите за буџетските расходи во здравство се 77,218,373 милиони евра, додека пак за 2020 и 2021 се намалуваат на 76 милиони евра. И тука е јасно како ден дека СДСМ нема намера да го донесе животот во здравството и да го модернизира и подобри. Нема да има ниту 100.000 денари плата за докторите нема да има ниту 60.000 плата за медицинските сестри. Уште една огромна лага на СДСМ.
И младите беа изманипулирани од СДСМ пред изборите. Тие велеа дека е еден од најважните сегменти во нивната визија за враќање на животот и враќањето на младите во нашата држава. Меѓутоа проекција на буџетски расходи за агенцијата за млади и спорт во 2019 година изнесува 6,259,544 евра, во 2020 се намалува на 5,037,365 евра, додека пак во 2021 година се намалува само на 3,517,707 евра или за 43.8% помалку во однос на 2019 година. Ништо и од животот за младите и за спортот во Република Македонија.
Дополнително, Тевдовски призна дека реализацијата на капиталните инвестиции на владата, односно на картелот на Заев и СДСМ во само првите четири месеци е под 11%. Доколку расипничката и неспособна влада продолжи вака, капиталните расходи нема да се реализираат повеќе од 40% до крајот на годината. И повеќе од доволно за да се случи капитулација и тотален економски крах на нашата државата.
Над 6,1 милијарда евра ќе биде долгот на граѓаните до крајот на мандатот на Владата на СДСМ. СДСМ се задолжува без усул. Над 1.5 милијарда гарантиран долг ќе не задолжи неспособната Влада на Заев, додека пак само во првите 3 месеци од 2018 година не задолжија за над 300 милиони евра, а сепак инвестиции и проекти нема во нашата држава.
СДСМ да одговори на прашањето, КАДЕ ОДАТ МИЛИОНИТЕ СО КОИ ГИ ЗАДОЛЖУВААТ ГРАЃАНИТЕ?
Економијата и бројките во нашата држава се загрижувачки. Република Македонија оди во пропаст. Граѓаните се уплашени и загрижени.
Картелот на Заев освен личниот интерес, не го интересира ништо друго.
Ова лудило и расипништво мора да престане. Криминалниот картел мора да се разбие и мора да падне.
Затоа, сите заедно на 2 јуни во 20 часот, да им кажеме дека сме против погрешните политики на овој картел кој што владее со нашата држава.