СДСМ расипнички ја води државата. Нивото на јавниот долг за првпат во македонската историја надмина 5 милијарди евра.

300 милиони евра нови задолжувања само за првите три месеци од 2018 година, а ниту една нова капитална инвестиција. Ова е недозволиво. Задолжувањето како инструмент единствено е оправдано кога тоа се врши за капитални инвестиции.

Капитални инвестиции нема. Граѓаните се прашуваат, на што се трошат парите кои утре идните генерации ќе ги враќаат.

Наместо да се решаваат проблеми во државата, се натрупуваат долгови кои ќе ги враќаат граѓаните, а ветувањата за 600 километри автопат се потврди дека била само една голема лага.

Нема бесплатно болничко лекување за граѓаните, нема ниту 100.000 денари плати за лекарите, а сепак задолжување има.

Недозволиво е власта за 3 години да планира ново задолжување од неверојатни 1.4 милијарди евра, а притоа да нема ниту еден капитален проект.

СДСМ за една година покажа дека не се способни да раководат со државата. Државата не смее повеќе да чекори кон економското дно. Ова мора да запре. Република Македонија и граѓаните заслужуваат подобро.

ВМРО-ДПМНЕ



Автор: Администратор
Објавено на: 01/06/2018 00:00