Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари средба со граѓани и членови на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорче Петров.

Мицкоски пред присутните истакна дека изминува една загубена година за граѓаните и за државата при што нема напредок ниту пак граѓаните живеат подобро, се владее со лаги и измами.

Имаме една година полна со лаги. Имаме една година полна со нереализирани ветувања, со неисполнети очекувања. Имаме една година позади нас каде што се изгуби она ветување за 500 евра просечна плата, се изгубија оние 100.000 денари ветувања за специјалистите доктори, се изгубија поголемите субвенции за земјоделците, се изгубија поголемите стипендии за младите луѓе, се изгубија сите оние средства кои што треба да бидат одвоени за подобрување на стандардот на младите луѓе, се изгубија ветувањата за поголеми пензии за пензионерите, се изгубија ветувањата за што уште не, а тоа е така затоа што не знаеја што ветуваат, ветуваа напразно и ветува само шарени лаги, истакна Мицкоски.

Тој посочи пред присутните дека во периодот што следува власта засилено ќе се заканува, но тоа нема да ја поколеба ВМРО-ДПМНЕ.

Во периодот кој што следува ќе се обидат понижувањето да ви го претстават како национална победа. Ќе се обидат сите нас политички да не депримираат со нивната таканаречена политичка репресија. Но ние сме луѓе кое што тоа не смееме да го дозволиме. Не смееме да го дозволиме затоа што од нас зависи каква иднина сакаме да имаме, дали сакаме да имаме иднина полна со шарените лаги на Зоран Заев и групата околу него или сакаме да ја направиме Македонија технолошки тигар на Балканот. Дали сакаме да имаме судство комплетно под чизмата на Зоран Заев или сакаме да имаме судство кое што ќе биде независно и судство кое ќе служи по мерид систем. Дали сакаме да имам образовани луѓе, луѓе кои што ќе бидат конкурентни на пазарот или сакаме да имаме образование кое ќе ги фингира желбите на Зоран Заев и групата околу него.

2-ри јуни е денот кога сите ние треба да ја почнеме нашата битка против сите оние лажни ветувања на Зоран Заев, против сите оние неостварени очекувања, истакна Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски посочи дека владата доживува економско фијаско, но и дека се покажа дека ветувањето за 500 евра плата е голема лага.

Не така одамна пред мене седеше и велеше ЌЕ има Македонија 30.000 денари секој граѓанин просек плата еве јас ви ветувам, еве тука седам пред тебе и ќе го исполнам тоа ветување, а притоа заборави да каже дека неколку дена претходно истиот тој Зоран Заев заедно со неговите министри донеле еден документ и го нарекле фискална стратегија. Во тој документ ќе рече во 2018 година номиналната нето плата ќе расте за 4 проценти, а во 2019 и 2020 година номиналната нето плата ќе расте за 4,4 проценти. Имајќи во предвид дека во декември 2017 година просечната плата во Македонија беше 23.850 денари, ако ја помножиме со овие ставки кои што неговиот министер за финансии ги донел, неговата влада ги усвоила и да немаме предвремени парламентарни избори кога е крајот на неговиот мандат, просечната плата во Република Македонија нема да биде повисока од 27 илјади денари. Тоа е и уште една лага и затоа не само што лаже, туку сите таму собрани заедно сушат од лажење, истакна Мицкоски.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/06/2018 11:33