Успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ и Планот за економски раст даваат реални и конкретни резултати.
Промените носат повисоки плати, повеќе пари и повеќе инвестиции!
Во првиот квартал од оваа година во Македонија влегле 235 милиони евра странски директни инвестиции.
Во Македонија влегоа повеќе странски инвестиции во првите три месеци од 2018 година отколку во цела 2017 година.
Споредбено со изминатите години, во првиот квартал од 2018 година во Македонија влезени се повеќе инвестиции отколку во цела 2015, 2014, 2012 и 2010 година.
Важно е да се напомене дека овие 235 милиони евра странски директни инвестиции се обезбедени со вистински, домаќински политики и мерки на Владата за кои не е потрошен ниту денар од Буџетот.
Обезбедуваме инвестиции без скапи рекламни кампањи, промотори и измислени роуд шоуа.
Неспоредливо со погрешните политики на ВМРО-ДПМНЕ кога се потрошија околу двесте и педесет милиони евра на реклами и роуд шоуа коишто не донесоа очекувани резултати.
Инвестициите во првиот квартал од 2018 година докажуваат дека економијата е стабилизирана целосно и се движи напред, а спроведените реформи ја враќаат довербата и инвеститорите вложуваат во Македонија.
Враќањето на Македонија на патот кон ЕУ и НАТО и мерките за економски раст носат капитални придобивки за граѓаните.
Очекувано е, ќе има уште многу домашни и странски инвестиции во периодот што доаѓа.
Создадената стабилна бизнис клима, со економски политики кои се темелат на фер и еднаков третман на домашните и странските инвеститори е гаранција за економски раст, нови работни места, повисоки плати и квалитетен живот на граѓаните на нашата земја.