Соопштение до јавноста - реакција на соопштението на Министерството за култура

365 дена владеење на СДСМ – 365 порази на македонската култура.

Распределбата на средствата со овогодинешната програма за култура е пример за аматеризам и партизација. СДСМ ги субвенционираше граѓанските организации на сметка на професионалните уметници.

СДСМ ја партизираше културата. Македонската култура никогаш порано не била под ваков притисок и тоа се одразува во филм, театар, музика, музејска и сите други дејности на културата во Република Македонија.

Стратегијата за развој на културата 2018-2022 година од министерството за култура не е стратегија, туку расказ кој се базира на три збора ревизија, преиспитување и анализа и ја отсликува безидејноста за работата на оваа власт и министерството во македонската култура воопшто.

Чистењето на околината околу скопскиот аквадукт, не е ревитализиција, како што СДСМ се обидува тоа да го прикажа, туку чистење на сметот околу објектот.

Од најавените реформи со кои ќе се подобрат условите за уметниците и културните работници, нема ни трага ни глас, никаде го нема наводниот колективен договор кој требаше да биде готов до крајот на 2017 година. Излажаа за него исто како што излажаа дека постои реформа во финансирање на националните установи.

Владата и министерството наместо да ги реализираат проектите кои беа готови од владата на ВМРО-ДПМНЕ тие ги стопираа и наместо тоа се решија за крпење на дупки. Па така наместо да изградат нов Драмски, тие го стопираа и како нивен голем проект го претставија почетокот на реконструкцијата на кровот на стариот Драмски и тоа дури по година дена.

Елаборатите за проектот „Скопје 2014“ се одраз на чист политички реваншизам и непочитување на македонската историја.

Деблокирањето на Тетовскиот театар и Библиотека, на Албанскиот театар и Турскиот театар е чиста манипулација, затоа што изградбата и никогаш претходно се до нивното доаѓање на власт не беше запрена.

Уште една голема лага е дека постои поправична распределба на средствата и поддршката кон сите заедници во Македонија, затоа што целата јавност во Република Македонија беше сведок како владата и министерството за култура фаворизираат само една етничка заедница, на сметка на останатите

Оваа ненародна власт само за една година успеа да ја уништи македонската култура и да ги деградира и понижи културните институции, уметниците и културните работници. Токму затоа граѓаните мора да и стават крај на оваа ненародна власт. ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите кои не се согласуваат со разорните политики на оваа власт на 2 јуни во 20 часот на голем протест пред владата.

Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ



Автор: Администратор
Објавено на: 02/06/2018 05:13