Очекуваме да имаме огромен, масовен протест каде сите граѓани, без разлика на нивната верска, национална или партиска припадност ќе ни се придружат и ќе го искажат незадоволството од политиките кои што оваа влада ги води или поточно речено не ги води, бидејќи на секое поле нашата држава крахира, изјави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ во вестите на Сител Телевизија.

Во врска со можни опструкции од владата, Игор Јанушев посочи дека постојат индиции дека власта се обидува да ги спречи граѓаните да излезат на протестот, но се надева дека нема да се дрзнат на било какви притисоци и конкретни акции за ги спречат граѓаните вечерва да се појават пред Владата на Република Македонија и да го искажат своето незадоволство против нивното неработење и погубните политики на владата.

Јанушев истакна дека оценката од граѓаните за работата на владата е негативна бидејќи власта буквално ништо не работи ниту знае во кој правец се движи државата особено од егзибиционистичкиот пристап во преговорите за името и нарушување на сите македонски позиции, се до катастрофалната економска ситуација и услови во кои што живеат граѓаните.

-Гледаме дека се расфрлаат со флоскули секојдневно викаат ЌЕ направат, зборуваат во идно време, но она што е важно на крајот на денот е кога граѓаните ќе го отворат својот паричник тој е празен и се прашуваат како ќе го преживеат тој ден за себе и за своите најблиски, рече Јанушев.

За преговорите за името и евроинтеграцијата на Македонија, тој повтори дека ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе се залага за интеграција на државата во ЕУ и НАТО и дека МРО-ДПМНЕ секогаш има еден став и тој став никогаш не го менува, без разлика во која ситуација се наоѓа, додека СДСМ и Заев секојдневно ги менуваат ставовите и буквално никој не знае што се случува.

– Очекувањата од она што го гледаме во последно време и го слушаме од грчката страна се негативни, но сепак нема да навлеземе во шпекулации со цел да не наштетиме на процесот на преговори, вели Јанушев.

На крајот Јанушев повторно истакна дека очекува граѓаните заедно рамо до рамо ќе ја победат оваа неспособна влада и криминално картелска влада која што ја носи Република Македонија во пропаст



Автор: Администратор
Објавено на: 02/06/2018 19:41