Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа беше елиминирана во полуфиналето на ИТФ-фјучрс турнирот во Обидош, Португалија.

Ѓорческа беше поразена во два сета со 1:6 и 4:6 од српската тенисерка Дејана Радановиќ.

Македонската тенисерка со настапот во Обидош се врати по подолга пауза поради повреда и забележа три тешки победи.

Наградниот фонд на турнирот во Португалија изнесува 25.000 долари.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/06/2018 22:35