Скопје, 2 јуни 2018
Вечерва, како и на секој митинг на ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 12 години, повторно се слушнаа истите пораки за поделби на ваши и наши, за враќање назад.
Граѓаните не видоа никаква разлика. Нема никаква разлика - Мицкоски продолжува прецизно по патот на Груевски и за жал повторно одбива да им се извини на граѓаните за пустошeњето што ВМРО-ДПМНЕ го вршеше врз Македонија цели 11 години.
Наместо да се извини, Мицкоски повика Македонија да запре. Но, тоа нема да се случи. Граѓаните избраа напредок.
Мицкоски вечерва повика Македонија да се врати назад, во темното минато на криминалот, корупцијата, осиромашувањто на граѓаните, на газењето на човековото достоинство, на оддалечувањето на земјата од европските вредности. И тоа нема да се случи.
Граѓаните избраа просперитет, повеќе инвестивии, повисоки плати, еднаквост, слобода, демократија, правда, избраа едно општество, едно семејство за сите.
Од јавна говорница денеска Христијан Мицкоски бранеше насилници под превезот на патриотизмот. Мицкоски треба да знае дека неговата партија треба да се качи на вагата на правдата. Криминалот не може да биде патриотизам колку и да викаш гласно.
Христијан Мицкоски излажа дека „во Македонија има нула инвестиции“. Може да вика колку сака, но не може да биде погласен од фактот дека во првите три месеци во Македонија влезе рекорден износ на странски инвестиции.
Барањето за предвремени избори заедно со претседателските, е класичен партиски блеф на Мицкоски, кој е соочен со слабиот рејтинг и немањето поддршка од граѓаните. Не е лесно да го следиш Груевски во време кога СДСМ добива огромна поддршка на локални избори со освоени 57 градоначалници. Денес, СДСМ е фаворит на било какви избори, а тоа го покажуваат и сите релевантни истражувања на јавното мислење. Поддршката на граѓаните е силно изразена за владејачкото мнозинство, за СДСМ, и за претседателот Зоран Заев.
СДСМ ја доби довербата од граѓаните и се фати за работа. Владата што ја предводи СДСМ се определи за реформи кои Македонија ја движат напред. После изгубени 11 години, Македонија нема време за губење. Граѓаните немаат уште еден живот да му го доверат на некој нов Никола Груевски, со кого еднаш веќе расчистија.
Заветот на Мицкоски се поделбите и минатото. Мицкоски треба да разбере дека Македонија има само еден завет, а тоа е просперитетна иднина, економски раст и членство во ЕУ и НАТО.
Центар за комуникации со јавноста
Социјалдемократски сојуз на Македонија