Поранешниот селектор на македонската одбојкарска репрезентација, Жарко Ристоски, ќе го предводи националниот тим на Саудиска Арабија.

- Среќен сум за новиот предизвик, селектор на селекцијата на Саудиска Арабија, соопшти Ристоски на социјалните мрежи.

Изминатава сезона тој беше тренер либанскиот клуб Танурин, а претходно ги предводеше Шоненверд во Швајцарија и Неа Саламина на Кипар.

Ристоски ја заврши соработката со македонската репрезентација во 2016 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/06/2018 19:57