Сите притисоци, сите закани, уцени, репресија, прогон, сето политичко мотивирано замолкнување на народот, на опозицијата, на политичките неистомисленици од октроираната власт за една намена, НЕ успеаја да ја замолкнат Македонија.
Зоран Евро Заев, Македонија и’ порача НЕ, на оваа твоја ЌЕ Влада! Македонија го покажа својот пркос и покрај прогонот на патриотите. Македонија покажа дигната глава пред Судот на Зоран Евро Заев. Македонија се крева, Македонија дојде да ја земе својата иднина од рацете на Зоран Евро Заев!
Македонија покажа дека е против погубните политики на вештачката кованица на власт на Зоран Евро Заев. Македонија порача дека е против економските ЌЕ лаги на Зоран Евро Заев. Македонија посочи - Зоран Евро Заев мора да престане да тргува со македонското достоинство и државните интереси!
Пораката на народот е јасна: Зоран Евро Заев, не ти се плашиме! ВМРО-ДПМНЕ не ти се плаши! Македонците не ти се плашат. Кога е во прашање Македонија, Македонците не чувствуваат страв и нема предавање. Зоране Евро Заев, единствената свиткана кичма - е твојата, ти ја свитка народот во саботата. Прочитани сте.
Залудни се заканувачките пораки испратени од органите на репресија на Зоран Евро Заев. Залудни се заканите за бркање од работа, за одземање на парчето леб, за оставање на улица. Народот виде дека Зоран Евро Заев обезбедува корка леб само за своите советници. На народот и онака му порачавте, сиромашни сте, не сте наша грижа!
Срамно е раководители поставени од СДСМ да праќаат јавни пораки дека „требало сите да бидат истерани од работа“ затоа што искажале револт. Срамно е лица што земаат пари од граѓаните како раководителката од Македонски пошти, која е фотографирана со Петре Шилегов и Андреј Жерновски, да бара да бидат истерани од работа, да останеле без корка леб, сите оние кои останале да работат, а протестирале против политиките на власта?
Срамно е што бараат партиските послушници на СДСМ поставени во институциите. Тие сакаат да се смени законот за државни службеници, бидејќи на тој начин цитирам „многу едноставно и легално ќе ги исчистеле институциите од плукачите“? Размислуваш ли Зоране Евро Заев да го озакониш масовното „јадење живи луѓе“ кое што го спроведуваш онаму каде можеш?
Зоране Евро Заев, срамно и недозволиво е што твои полициски пулени плукаат врз народот. Полициските службеници во полицијата што ја реформираш ти, вон сите професионални и етички норми, ги навредуваа и потценуваа луѓето чија безбедност и благосостојба, треба да му се на прво место. На таква ли професионализација мислевте.
Односот на СДСМ кон народот го покажуваат функционери и пратеници сосе нивните семејства. Ако пратеничката Мира Стојчевска не се грижи како ќе влијае високата акциза за дизелот врз сиромашните, за нејзинот син, на протестот присуствувале „хибернирани кретени“, и била „излеана фекална канализација“ по улиците на Скопје.
Ова е сликата за демократијата на Зоран Евро Заев. За ова ли е добиена „кристално чиста препорака“, по „срушен режим“. За Кристалот – Зоран Евро Заев веќе доби Нон пејпер од Европа. За срушеното – народот во саботата му испрати лична порака!
Распушти го Зоране Евро Заев министерството за вистина, што те лаже само тебе. Народот повеќе не ти верува.
Одговорност за ваквите испади мора да има и ќе има кога ќе си замине криминалниот картел и ќе се врати правната држава во Република Македонија.
Зоран Евро Заев, Македонија, тргна по своето.