Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Љупчо Николовски вчера се сретна со граѓаните и поддржувачите на партијата од општина Пехчево.

Николовски зборуваше за реформите спроведени од страна на Владата предводена од СДСМ во изминатиот период.

-Потврда за успешноста на мерките коишто ги спроведуваме е влезот на 235 милиони евра директни странски инвестиции во Македонија во првите три месеци од оваа година, што е повеќе отколку во цела 2017 година и повеќе од 12 години наназад за истиот период.

Со порастот на инвестициите растат и можностите за нови работни места, повисоки плати, за повеќе пари кај граѓаните – рече Николовски. Тој посочи дека мерките во земјоделството и грижата за земјоделците остануваат приоритет на СДСМ. Силно сме посветени да обезбедиме подобар живот за граѓаните, за земјоделците.

- За неполн месец од нашиот мандатот успеавме да ги решиме сите пречки за исплата на субвенциите. За првпат сите субвенции во земјоделството се исплатени навремено, кога им се најпотребни на земјоделците. Ги исплативме и заостанатите субвенции што не ги исплаќаа владите на ВМРО-ДПМНЕ, за сите земјоделски гранки. Со воведувањето на зелената нафта и помошта за младите земјоделци го олеснуваме процесот на работа во земјоделството, враќаме повеќе пари кај земјоделците и создаваме услови за поквалитетен живот на земјоделците, рече Николовски.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/06/2018 15:09