Сенародниот протест јасно покажа дека народот сака јасна и перспективна иднина на Република Македонија и за сегашните и идните генерации.

Граѓаните го кренаа својот глас против оваа неспособна и ненародна власт, против овој картел на власт кој завладеа со нашата држава, кој освен газење на националното достоинство и продажба на националните и државните интереси, нема никаква визија за подобрување на животниот стандард на граѓаните. Едноставно е неспособна и не знае како.

Јавноста знае дека оваа власт предводена од Зоран Заев ја турка Македонија во жива песок и само картелот на власт има корист, а сите останати се осиромашуваат. Тоа мора веднаш да престане. Протестот беше почеток на крајот на овој картел околу Заев кој донесе пад на стандардот, поскап живот, стагнација на платите и пензиите, стагнација на стопанството, економијата, земјоделието, образованието, како и бесцелни рекордни задолжувања кои што се во висина од стотици милиони.

ВМРО-ДПМНЕ е партијата која знае и може да стави крај на ова зло кое СДСМ и Зоран Заев и го прават на својата држава и на својот народ. Ние имаме визија, имаме капацитет и знаење како државата и економијата да излезат од овој ќорсокак и од оваа жива песок, во која за само една година ја донесоа картелот на власт економијата и нашата држава.

ВМРО-ДПМНЕ заедно со народот работи на програма, со конкретни, реални и издржани проекти кои ќе бидат решенија за многу секојдневни проблеми на граѓаните.

Ние нема да ветуваме брда и долини како СДСМ, кои само после една нецела година, повторно мора да ги лажат граѓаните дека всушност тоа што го ветиле, никогаш не го ветиле и нема да можат да им го овозможат на граѓаните да го добијат.

Ние ќе понудиме мерка за намалено ДДВ на 2% за артиклите кои се најпотребни и најкористени од страна на граѓаните.

Наместо зголемување на даноците, кое што го промовира Зоран Заев, ние ќе понудиме дополнителни даночни олеснувања за сите компании кои ќе вложат во развој на нови работни места.

Наместо повисока акциза за дизел горивата, која Зоран Заев упорно ја држи на грбот на граѓаните, ние ќе ја намалиме.

Наместо стопирање на инвестициите во здравството, кое е резултат на неспособноста на оваа власт, ние ќе изградиме нов лик на здравството преку масовен пакет на реконструкции, изградба на нови болници и ќе вложуваме во нов медицински кадар.

Ќе понудиме перспектива на младите и секоја учебна година ќе дадеме директна понуда за вработување на 500 студенти.

Освен за студентите повисок стандард ќе обезбедиме и за образовниот кадар, кој за време на нашиот мандат ќе има покачување на примањата за 50%.

Покачување ќе има и на пензиите на пензионерите кое ќе достигне до 40%. Ова им го ветуваме на пензионерите, кои сега се загрижени. Нека не се грижат, заедно со ВМРО-ДПМНЕ на власт ќе дојдат подобри времиња и за пензионерите.

Ова се реални проекти и мерки, консултирани со народот и со голем број на експерти, но притоа и возможни, затоа што многупати се докажало дека со посветена работа тоа може да се постигне дури може и да се надмине.

Граѓаните сега јасно гледаат дека ВМРО-ДПМНЕ има визија и е далеку подобра алтернатива од оваа ненародна и неспособна власт која што ја зароби нашата држава.

Ние нудиме концепт на работа, посветеност и напредок, кој ќе биде целосна спротивност на оваа безидејност, апатија и крах кој СДСМ и Зоран Заев го предизвикаа за само една година.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/06/2018 15:13