ВМРО-ДПМНЕ не може да излезе од политиките на стравови и заплашувања што со години ги практикуваше како власт, а сега тоа го прави и како опозиција.
Денес граѓаните не се плашат и не треба да се плашат од власта.
ВМРО-ДПМНЕ не може да сфати дека тоа се новите демократски политики во Македонија.
Наместо политики на молк, затвореност и страв, денеска сме сведоци на политики на гласност, отвореност и слобода. Тоа е демократска вредност што е непозната за опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ, партијата што 11 години се служеше со репресија, затвораше новинари и медиуми, етикетираше неистомисленици и сееше омраза и пропаганда платена со народни пари, денес продолжува со истите практики.
Христијан Мицкоски продолжува прецизно да следи патот на Никола Груевски.
Одбрана на криминалот на Никола Груевски е единствената цел на ВМРО ДПММЕ. Партијата треба да разбере дека треба да се качи на вагата на правдата.
Граѓаните расчистија со Никола Груевски и избраа просперитет, повеќе инвестиции, повисоки плати, еднаквост, слобода, демократија, правда, избраа едно општество, едно семејство за сите.
Криминалното и расипничко вледеење на ВМРО-ДПМНЕ останува во минатото и никогаш не може да биде иднина.
Македонија тргна напред и нема ниту запирање ниту враќање назад.