Целото политичко делување на Христијан Мицкоски се заснова на одбрана на криминалот и следење на поразените политики на неговиот претходник Никола Груевски.
ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски немаат никаква идеа, ниту план и програма, освен неосновано, лично да го оцрнуваат и клеветат Зоран Заев.
Мицкоски е единствениот политичар кој сопственото обраќање на митинг бил приморан да си го дообјаснува на интервју, по неговото одржување.
Мицкоски не само што не се извини за сите зла што ВМРО-ДПМНЕ им ги нанесе на граѓаните за 11 години владеење и пустошот што го направи на Македонија, туку станува промотор на погубните политики на Груевски, што беа силно поразени од граѓаните.