5 јуни 2018

СДСМ е болест за македонското здравство. Секогаш кога СДСМ е на власт приоритет се интересите на нивните тајкуни, а не здравјето на граѓаните.

Здравствените услуги стануваат се полоши, а неспособноста на СДСМ, граѓаните ја плаќаат со сопственото здравје и сопствените животи. СДСМ ги компликува услугите што ќе ги добиваат пациентите, но затоа обезбедува екстра профит за бизнисмените блиски до партијата.

СДСМ го укина советот за јавни набавки и повторно тргна по парите од здравството. По реакциите на граѓаните, ЌЕ Министерот Филипче денес мораше да го брани распишаниот тендер за централизирана набавка на реагенси за наредните три години тежок 35 милиони евра на кој му недостасува само името на економскиот оператор.

Филипче бранејќи го распишаниот тендер кој ја возбуди и стручната но и широката јавност немаше ниту збор за тендерската документација, која во делот на техничката спецификација е спротивна на Законот на јавните набавки, бидејќи со истата се фаворизираат апаратите на само еден економски оператор. Исто така во делот на тестовите е објавена како НЕДЕЛИВА ПОСТАПКА, иако од предметот на набавка станува збор за различни тестови со што всушност Министерството за Здравство нема да обезбеди услови за правична, недискриминаторска и конкурентска постапка и отвора сомневањето дека оваа постапка ќе заврши со еден понудувач кој однапред е познат.

Второ, ЌЕ министерот за здравство не делуваше сигурно во врска со иднината на вработените во лабораториите во склопот на ЈЗУ во Република Македонија. Имено, согласно концептот вработените во досегашните лаборатории ќе станат земачи на крв до 10:30 часот, а потоа што ќе работат истите? И дали ќе бидат приморани да си го сменат местото на работење во друг град каде што има централна лабораторија или избркани од работа, се стават во подредена положба на економскиот оператор кој што би го добил тендерот и истите би се претвориле во негова услужна дејност, бидејќи работа на самите вработени професори, доктори на науки, специјалисти лаборанти и др. би била земање на крв.

Меѓу најспорните барања во овој тендер се оние што се однесуваат договорниот орган за транспорт на крв до централните лаборатории. Овде со право се поставува прашањето како би се транспортирала крвта до централните лаборатории како и најголемиот проблем КОЈ ЌЕ врши контрола на тоа како се транспортира крвта ГО КОНТРОЛИРА ТРАНСПОРТОТ НА КРВ? Таквиот транспорт претставува сериозна работа имајќи го предвид крајниот резултат за пациентите, врз основа на што подоцна се одредува и дијагнозата и лекувањето.

Целиот овој нов систем, од набавката, преку централизацијата од еден, можеби веќе определен оператор, до транспортот, веќе го понесе името- враќање на партизанско работење.

Цените на реагенсите постојано паѓаат, а Ќе министерот Филипче сега вели дека ќе се заштедело затоа што ќе се купеле одеднаш материјали за три години однапред. Прашањето кое сега не го интересира ЌЕ министерот е , колку ќе ги чини пари и здравје граѓаните овој нов систем по три години, откако ќе заврши тендерот?

Ова постапка нема ниту за цел да направи заштеда, ниту има за цел подобрување на услугите за пациентите ниту пак подобрување или унапредување на работата на здравствените работници и соработници, туку ги има за цел личните интереси и интересите на одредена група на луѓе, од што на крајот само тие би имале бенефит.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ



Автор: Администратор
Објавено на: 05/06/2018 21:33