Британскиот тенисер Енди Мареј изјави дека е разочаран бидејќи периодот на заздравување трае многу подолго од очекуваното.

Последниот натпревар Мареј го одигра минатата година на четвртфиналето во Вимблдон, а потоа се повлече поради повреда на колкот. Во јануари тој имаше и операција.

- Сето ова се одвива многу бавно. Целиот период на заздравување трае значително подолго, отколку што јас и мојот тим очекувавме. Сепак, почнав да тренирам и се надевам дека ќе бидам подготвен за време на сезоната на трева, истакна Мареј.

Првиот турнир за кој е пријавен британскиот тенисер е во Росмален, Холандија.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/06/2018 21:33