Шпанската тенисерка Гарбине Мугуруза не се смета за фаворитка на мечот со Марија Шарапова и покрај тоа што таа е трета носителка, а Русинката 28-ма.

Мугуруза и Шарапова ќе играат во четвртфиналето од Грен слемот Ролан Гарос попладне од 14 часот.

- Марија прикажува одлични игри. Таа е силна и агресивна на теренот. Ќе биде тешко. Очекувам интересен меч. Во никој случај не сум фаворитка и покрај рангирањето пред почетокот на турнирот, изјави Мугуруза.

Досега двете тенисерки одиграле три меѓусебни меча и сите ги доби Шарапова.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/06/2018 12:14