Скопје, 6 јуни 2018

Животот дојде само за Заев, Анѓушев и криминалниот картел во власта. Останатите граѓани осиромашуваат, а државата се презадолжува. Тоа е очајната економска слика една година по преземање на власта од страна на СДСМ.

Вицепремиерот Анѓушев денес повторно излезе со податоци кои Државниот завод за статистика се уште не ги објавил, со што се потврдува дека станува збор повеќе за политика отколку за економија и наука.

Граѓаните, работниците и стопанствениците најдобро знаат каков напредок на економијата донесе црното економско трио Заев, Анѓушев и Тевдовски. Граѓаните кои ја плаќаат акциза покачена од Заев и Анѓушев, не може да бидат излажани од приказните на човекот со масератито. Граѓаните кои плаќаат екстремно скапи горива не му веруваат на газдата кој си доби милиони евра од грчкото електростопанство. Граѓаните кои мака мачат со растот на цените на мало и ефектите од спиралата на инфлација, најдобро го чувствуваат по својот џеб економското цунами кое го носи власта на Заев.

Заев и Анѓушев успеаја да си обезбедат енормен раст на своите бизниси, но ја вратија 100 години назад економијата. Наместо напредок, за државата донесоа стагнација, уназадување и крах, а сопствените бизниси ги проширија и на одгледување на марихуана и на ископ на глина и на милионски тендери со државните компании.

Бројките тоа го говорат. Јавниот долг се зголеми над 5 милијарди евра, исто како и државниот долг кој надмина 4 милијарди. Растот на БДП минатата година го завршија со 0%, пензиите не се зголемија, платата не е 500 евра, нема 100 илјади денари плата за земјоделците, нема ниту странски инвестиции.

Секаде во економијата е јад и чемер, освен личните бизниси на криминалниот картел кои цветаат.

Тоа се фактите и тоа се бројките. Се друго е виртуелна статистика која само владата ја гледа.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ



Автор: Администратор
Објавено на: 06/06/2018 22:27