Скопје, 6 јуни 2018
Нервоза во ВМРО-ДПМНЕ, очајно штанца непостоечки случаи за да го покрие скандалот со Мицкоски кој ги лажеше граѓаните.
Во ВМРО-ДПМНЕ владее нервоза и затоа штанца измислени лажни случаи и шири лажни вести.
Граѓаните гледаат еден очаен обидот на ВМРО-ДПМНЕ, преку измислени лажни случаи, да го покрие скандалот на Христијан Мицкоски, кој ги лажеше граѓание.
Тешко дека може ВМРО-ДПМНЕ нешто да побегне од лагите на Мицкоски. Граѓаните очекуваат извинување, особено откако самиот Мицкоски призна дека земал пари додека му бил советник на Груевски и тоа ги чинело граѓаните околу 2 милиони денари.
ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш покажува дека нема никаква идеја, никаква програма и визија, нема што да им понуди на граѓаните. Целосното нивно политичко делување се заснова единствено налични клевети и обиди за неосновано оцрнување на претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев и неговото семејство.
Ова е истата матрица која Никола Груевски ја спроведуваше цели 11 години.
Измислените наводи на ВМРО-ДПМНЕ објавени денеска, вклучително и за споменатите компании, се уште еден во низата лажни вести кои немаат никаква врска со реалноста.
Социјалдемократски сојуз на Македонија