Скопје, 6 јуни 2018
Република Македонија е исправена пред историски одлуки, кои ќе ја определат иднината на државата.
- Во очекување на „пакетот" решенија сврзани со деблокирање на евроатланските процеси односно разрешување на спорот наметнат од Грција за името на нашата држава, напорите на МПЦ-ОА за признавање на автокефалноста од страна на Цариградската Патријаршија,се настани кои бараат сплотеност, единство и одговорно однесување од секој политичар и граѓанин, нагласи Павле Трајанов на средбата со раководството на ДС во Охрид.
Наша цврста определба е Македонија да биде полноправна членка на НАТО и ЕУ, со што ќе се отворат реални перспективи за младите, да останат во Македонија.
Тие партии и лидери кои ќе го преземат „товарот" за иднината на Република Македонија, можеби краткорочно ќе изгубат политички поени, но сигурно ќе создадат услови за инвестиции, развој и нови работни места, рече Павле Трајанов.
Трајанов зборуваше и за потребата од кадровско зајакнување на партијата, со вклучување на млади и креативни кадри.
Демократски сојуз