ДОМ го повторува својот став дека е потребна промена на изборниот модел во една изборна единица без праг, со отворени листи и еднаков број жени и мажи на нив. Ги повикуваме „големите“ политички партии кои преговараат за изборниот модел да си достојат на декларираните заложби за демократизација на Република Македонија. Овој процес води директно преку плурализација на политичката сцена и создавање услови за слободно изјаснување на гласачите.

Кој е искрено за политички плурализам, ќе поддржи една изборна единица! За да има секоја граѓанска групација во општеството можност за избор на свои претставници во македонското собрание. Тоа ќе биде мудра одлука, сосем различна од дневно-политички удари на „помалите“ партии, кои се осмелиле да постојат прво, а потоа и да имаат своја идеологија, програма и борба. Борба, која значи дека во одредени случаи ќе имаат и различен став од коалицијата во која се наоѓаат.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/06/2018 13:49