Скопје, 7 јуни 2018
Економијата се опоравува од пустошот и штетите што ги предизвика криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, раст има во сите сектори освен во нискоградбата
Економијата се опоравува од пустошот и штетите што ги предизвика криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ.
Преземените мерки од Владата ги санираат штетите и ја поставуваат економијата на здрави и реални основи. Нема веќе провизии и проценти за криминални, измислени и нереални проекти.
Податоците од Државниот завод за статистика го покажуваат токму тоа. Во првиот квартал од оваа година забележан е раст во сите сектори, освен во нискоградбата.
Причината за тоа се должи на запирањето на активностите на промашените, криминални прoекти на власта на ВМРО-ДПМНЕ, како автопатот Кичево-Охрид но и некои други патишта, каде што имаше огромни пропусти.
Одлуката на Владата проектите прво да ги доведе во состојба на реалноста и правилно да бидат спроведени и реализирани е во интерес на граѓаните. Тоа е вистинскиот и одговорниот начин и тој начин е најголема гаранција дека и овие проекти ќе бидат завршени.
Провизиите и дил ориентед зделките со разлики во цени и до 54% се рефлектираа во пад во нискоградбата, но Владата веќе презеде мерки и овој проблем, наследен од ВМРО-ДПМНЕ е надминат.
По моменталниот застој, изградбата на автопатите ќе продолжи реално и правилно и тоа наскоро ќе рефлектира со раст и во делот нискоградбата со што ќе се интензивира и растот на БДП, кој на крајот ќе биде во рамките на предвиденото.
Христијан Мицкоски кој ги брани и промовира токму криминалните политики на неговиот претходник, уште еднаш покажа дека нема капацитет да разебере дека Владата може да работи домаќински, одговорно и во интерес на граѓаните.
Откако граѓаните дознаа дека лаже, Мицкоски покажува дека нема храброст да се соочи со новинарите, со јавноста, па се крие зад снимени видео пораки. Тоа кажува многу.
СДСМ - Центар за комуникации со јавност