Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ кое се однесуваше на видео обраќањето на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ
Економијата тоне, СДСМ не знае да ја води државата. Додека земјите од регионот и Европа бележат голем раст Република Македонија е повторно на нула.
Република Македонија бележи 46 пати помал раст на економијата од Србија, а 35 пати помал раст од Бугарија. Државата е далеку зад Полска, која има 51 пати поголем раст.
Растот на БДП од 0.1% кој денеска го објави ДЗС е показател дека оваа влада ниту знае, ниту умее, да работи. Живот дојде само за Зоран Заев и Кочо Анѓушев, другите очигледно амa преживуваат.
Економијата е погодена од економското цунами предизвикано од ЕВРО Заев, градежништвото кое е мотор на економијата и кое влече 20 - тина попратни гранки е во пад од 37%. Додека гранката на иднината секторот информации и телекомуникации бележи пад од 7%.
Катастрофата во економијата се чувствува на секаде, а неа најмногу ја чувствуваат граѓаните, кои со се помали плати плаќаат се поскапи продукти.
И додека целата економија е во општ пад, процентот на бруто инвестициите бележи пад од 9%.
ЕВРО Заев создава безнадежност и апатија во економијата. Граѓаните се со изневерени очекувања, Република Македонија оди забрзано кон дното. Ова мора да запре. Граѓаните немаат втор живот. Република Македонија мора да тргне напред. Државата заслужува подобро. Граѓаните заслужуваат подобро. Македонија ќе победи.