Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ и останатите парламентарни партии постигнаа консензуз за предлагање и усвојување на Закон за отпишување на камата за наплата на долгови, Закон што ќе го олесни функционирањето на граѓаните и ќе им заштеди дополнителни трошоци.

Владејачката СДСМ се бори да обезбеди неселективни и поволни услови за подобар живот на граѓаните, во таа насока парламентарното мнозинство постигна консензус за Закон кој се однесува на отпис на затезна камата, која се однесува на главниот долг и на трошоците на постапката за комунални дејности, електрична, топлинска енергија, вода и смет, телефонија, мобилни и кабелски оператори, одржување на заеднички простории, наводнување и одводнување на земјоделско земјиште, вклучувајќи ги и трошоците на постапката од страна на должникот.

Овој Закон решава огромен проблем за граѓаните кои се соочуваа со големи казнени камати за предмети за кои не биле ни свесни дека постојат и дека за истите е покренат процес за присилна наплата.

Предлог законот уште еднаш покажува дека Владата предводена од СДСМ работи во корист на граѓаните и обезбедува повеќе пари во семејните буџети.

Сите реформски мерки се преземаат за да се обезбедат подобри услови за живот и да им се помогне на граѓаните преку решавање на проблемите со кои се соочувале во минатото и не биле решени со години наназад.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/06/2018 13:36