Предлог Законот за отпишување на камата за наплата на долгови, ќе им помогне на граѓаните и ќе обезбеди повеќе пари во семејните буџети и добро е што за овој закон е изнајден консензус. Најважни се граѓаните.

Останува фактот дека ВМРО-ДПМНЕ 11 години ниту предложи ниту изгласа ваков закон за да им помогне на граѓаните. За жал ниту во поднесувањето на сегашниот Закон не е потпишан пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Поддршката и потписот од коалициониот партнер на ВМРО-ДПМНЕ е за поздравување.

Очекуваме пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на дело да ја покажат оваа декларативна поддршка за Законот за отпис на каматите со гласање во Собранието на Република Македонија. Тоа е во интерес на сите граѓани.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/06/2018 13:43