Беззаконието во Република Македонија ги надмина сите граници! Институциите се целосно нефункционални, а законите не важат за партиските моќници.
Службени лица од Државниот просветен инспекторат пред очите на студентите и на сета јавност беа спречени да си ја извршат должноста и беа исфрлени од Универзитет. И тоа не од било кој Универзитет, туку од М.У.С на поранешниот советник на Зоран Евро Заев, а сега градоначалник на Струга - Рамиз Мерко!
Каков премиер - таков советник. Какво самоволие покажуваше Евро Заев во Струмица, такво покажува и Мерко во Струга. Беззаконието и насилството во Струга, во Универзитетот на Мерко, е слика за државата под оваа вештачка кованица од влада за една намена на Евро Заев. Скандалозното однесување на Мерко и неговиот тим во М.У.С на дело ги покажува реформите во образованието.
Почитувани,
Поради сомнение за постоење на купени дипломи, вработени професори без нострифицирани дипломи од странство, судии како професори - предавачи без согласност од матичните институции, но и стотици студенти од прв и втор циклус запишани со не нострифицирани странски дипломи, е направен обид за вонреден инспекциски надзор во Универзитетот во Струга.
На просветните инспектори не им бил дозволен пристап до матичните книги, за наставниот кадар ниту на запишани и дипломирани студенти. Одговорното лице на М.У.С Арбен Кадриу не само што со навреди на национална основа ги истерал инспекторите, туку и имал обид за физичка пресметка со нив, заканувајќи се по нивниот и животите на нивните семејства.
Што се обидуваат да сокријат Мерко и Кадриу со нападот врз инспекторите? Постои ли можност навистина Рамиз Мерко, кој е избран во научно наставно звање доцент вонреден професор во Универзитетот, да има не нострифициран докторат од Нови Пазар? Дали и сопругата на Арбен Кадриу, нотар во Струга, која е избрана во научно наставно звање Доцент на истиот Универзитет, исто така да има не нострифицирана диплома од Нови Пазар?
Почитувани,
ВМРО-ДПМНЕ го осудува насилството и бара одговорните да бидат санкционирани. Притоа ВМРО-ДПМНЕ инсистира овој случај да се расчисти до крај, со организиран настап од трудова, управна, финансиска, како и инспекција од просветниот инспекторат, кои што со полициска асистенција детално ќе ги расветлат сомнежите за функционирањето на овој Универзитет.
Колку побргу овој криминален картел замине од власт, толку подобро за Република Македонија.