Министерството за земјоделие ја потврди катастрофалната состојба во економијата. Ваквото признание за неспособноста на првиот економски тим на владата не е доволен. Мора да има оставки и одговорност.

Во услови кога целата економија е во слободен пад и кога нема никаков напредок не му е тешко на Министерството за земјоделие да се правда дека Љупчо Николовски бил помалку лош од другите министри.

Земјоделието е во катастрофална состојба. Кога се во државата тоне, СДСМ се фали дека земјоделието бележи најмал пад.

СДСМ треба да ги симне розевите очила и да ја погледне реалната слика во земјоделието. Реалната слика е дека за една година влада на СДСМ и министерување на Љупчо Николовски македонското земјоделие се соочува со помали субвенции и ниски откупни цени на земјоделските производи.

Николовски и владата се еднакви на природна непогода за македонскиот земјоделец. За една година тие ги намалија субвенциите, а откупните цени на земјоделските производи од ден во ден се се помали. Субвенциите кои СДСМ ги ветуваше во предизборната кампања за парламентарните избори во 2016 година се помали за неверојатни 26 милиони евра, а нема ништо ниту од ветениот интервентниот фонд.

Земјоделецот живее полошо од лани. СДСМ ветуваше модерно земјоделие, а сега истото го враќаат назад.

Сите споменати мерки со кои Николовски и министерството се фалат се мерки кои се донесени од владата на ВМРО-ДПМНЕ, а ниту една од мерките кои СДСМ им ги вети на земјоделците во предизборието не се реализирани. Ова е трагичниот биланс од една година раководење на СДСМ со овој сектор.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/06/2018 15:44