Австрискиот тенисер Доминик Тим за првпат се пласираше во финалето на „Ролан Гарос“, што воедно претставува најголем успех во неговата кариера.
Тим со 3:0 во сетови за два часа и 20 минути го совлада италијанскиот тенисер Марко Чекинато.
Австрискиот тенисер по поразите од Новак Ѓоковиќ во 2016 година и од Рафаел Надал во 2017 година во третиот обид годинава ја мина полуфиналаната бариера и обезбеди место во борбата за трофеј на еден од големите турнири.
Тим во финалето ќе се соочи со подобриот од вториот полуфинален дуел меѓу Рафаел Надал и Хуан Мартин дел Потро.