„Дали Заев може да потпише толку, колку што Грција може да посака?

Јавноста се прашува зошто Зоран Заев и неговите советници за односи со Атина, Маричиќ и Башановиќ сеуште не се во грчката Мала Преспа да го потпишат договорот за смена Уставот и името?

Затоа што освен прифатениот пакет за името Republic of Northern Macedonia и

Nationality: of the Republic of Northern Macedonia Грција вчера испорачала уште две барања, кои не биле дел од усогласената рамка на Договорот Коѕијас-Димитров од Брисел:

1. Јазикот да не се запише Macedonian како што е сега заведен во ОН, туку латинично makedonski без никаков превод и

2. Менувањето на Уставот на Македонија да не биде после испорачаната покана за членство во НАТО и датумот за преговори со ЕУ, во Јуни/Јули оваа година, туку Македонија прво да организира референдум со позитивен исход, истовремено да си го смени Уставот, па дури потоа да очекува да биде поканета за НАТО и ЕУ.

Третата опција е договарањето да се одложи за неколку месеци.

Ставот на Заев кон овие барања е билет кон Преспа Микра!“ ова на својот фејсбук профил, го напиша Антонио Милошоски.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/06/2018 02:18