Соопштение до јавноста - реакција на соопштението на СДСМ кое се однесуваше на прес конференцијата на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Економијата во времето на СДСМ е во целосна стагнација.
СДСМ е повеќе од една година на власт а граѓаните е видоа ниту еден капитален проект, туку само запирање и одолговлекување на веќе започнатите проекти од ВМРО-ДПМНЕ.
Нема раст на платите, нема покачување на пензиите и социјалната помош. Нивото на реализација на капиталните инвестиции во првите четири месеци оваа година е едвај 11%.
Додека економијата стагнира, картелот на власта, расипнички без основа, секој месец ја задолжува државата.
Новиот долг во првите три месеци од годината е над 300 000 000 евра. За жал, Македонија е на дното во Европа по растот на БДП. Поразителен е извештајот на заводот за статистика и ова е само доказ со какво темпо неспособната Влада на Зоран Заев ја влече државата кон економски колапс.
Ако Вицепремиерот, Кочо Анѓушев барем малку му мисли добро на македонскиот народ, веднаш ќе си подесе морална оставка.
Повеќе државата не смее да тоне. Граѓаните заслужуваат подобро. Република Македонија заслужува подобро.