Единственото политичко делување на ВМРО-ДПМНЕ се сведува на ширење лажни вести, клевети и измислување на непостоечки случаи.

Не само што нема загуби, туку за прв пат после години АД ЕЛЕМ произведува вишок на струја и од продажбата се обезбедени 8.7 милиони евра!

Тоа е уште една лекција за Христијан Мицкоски кој неуспешно раководеше со оваа компанија. Македонија денеска произведува повеќе струја и обезбедува повеќе пари кај граѓаните како резултат на домаќинско и одговорно работење на компанијата.

Како што соопшти АД ЕЛЕМ вториот блок на РЕК Битола од синоќа е планирано надвор од функција поради превентивен зафат на една од пумпите.

Во моментов, капитални ремонтни активности се изведуваат на Блок 1 на РЕК Битола, по што ќе следуваат ремонти и на Блок 2 и на Блок 3.

Се прави се она што во минатото, кога кадри на ВМРО-ДПМНЕ како Мицкоски управуваа со компанијата не беше направено.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/06/2018 17:49