Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека разговорите на Самитот на групата Г-7 за трговија биле „исклучително продуктивни“.

На завршната конференција, по Самитот што се одржа во Ла Малбе, Трамп посочи дека им предложил на партнерите да биде создадена зона за слободна трговија на Г-7, без бариери.

Тој даде висока оценка за квалитетот на неговиот однос со другите лидери од групата, особено истакнувајќи го добриот однос со канадскиот премиер Џастин Трудо, францускиот претседател Еманул Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел.

Американскиот претседател повторно повика на враќање на Русија во групата.

Како што јави МИА, Трамп усте синоќа упати апел за враќање на Русија во групата, но тој беше отфрлен од страна на Велика Британија, Канада, Германија и Франција, а поддржан само од Италија.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/06/2018 00:32