Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ кое се однесуваше на видео обраќањето на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ
Безидејноста на СДСМ достигнува галопирачки размери. Тие како и што предвидовме постојано живеат во минатото, затоа што немаат никакви мерки во сегашноста и не мислат за иднината. За разлика од нив ВМРО-ДПМНЕ има конкретни решенија за подобар живот за граѓаните.
Граѓаните живеат се посиромашно. Македонија секојдневно се ограбува, а на здрави нозе стојат само фирмите на Заеви и Анѓушев. СДСМ не работи ништо за граѓаните, туку за фирмите на картелот, кои откако СДСМ е на власт влегуваат во милионски бизниси со марихуана, купуваат индустриски гиганти и се јавуваат како изведувачи на државни тендери.
Секогаш кога се фатени во тесно како на грамофонска плоча се служат со истите лаги и манипулации и ја враќаат државата кон минатото.
Неспорен факт е што додека сите земји од регионот и Европа одат напред, Македонија назадува. СДСМ ја закова државата на дното по економски раст, а сите движечки сектори имаат минимален раст кој се движи околу 0 %.
СДСМ не знае како, нема план, а економското цунами Заев - Анѓушев - Тевдовски мора да одговара за економскиот пустош.