Соопштение до јавноста - реакција на соопштението на СДСМ кое се однесуваше на прес конференцијата на Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ ја призна својата некадарност. Еден од двата функционални блока во РЕК Битола од синоќа е надвор од функција. РЕК Битола губи по 7.600 евра на час поради непроизводство на електрична енергија. Дневните загуби се повеќе од 182.000 евра и тоа само поради неспособноста на картелот.

Раководството на АД ЕЛЕМ е целосно неспособно, повеќе од една година АД ЕЛЕМ неефикасно се манаџира. Вториот блок, на кој пред само десетина дена е извршен неколку милионски ремонт втор пат паѓа од мрежа.

Раководните кадри на СДСМ во енергетиката се неспособни и не знаат да управуваат со енергетските капацитети. Блоковите работат на граница на технички минимум, бидејќи и блокот кој сега е во погон има технички проблеми , кои во секој момент може да доведат до испад.

До кога парите на граѓаните ќе се трошат на ремонти и поправки поради неспособноста на власта.

Заради неодговорноста на раководството на РЕК Битола, се уште не се знае кога вториот блок ќе биде ставен во употреба. Истовремено, во опасност е и третиот блок на РЕК Битола, кој што подолго време работи надвор од сите технички прописи.

СДСМ покажа дека не знае да управува со енергетските постројки во Република Македонија. СДСМ е елементарна непогода за енергетиката. Неодговорното однесување и не работа кои одат на штета на граѓаните мора да запрат. Граѓаните на Република Македонија заслужуваат подобро. Македонија ќе победи.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/06/2018 00:39