Машката ракометна репрезентација на Македонија ја победи Романија со резултат 32:24 во првиот од двата бараж дуели за пласман на Светското Првенство во 2019 година.

Избраниците на "Ел Команданте" по првите неколку минути и по почетната негатива од 2 гола, возвратија со серија 6-0, по што следеше одлична игра во одбраната и безпрекорна реализација во нападот.

На полувреме нашите репрезентативци заминаа со резултат 15:10, предност која ја имаа во свои раце во текот на целиот натпревар и во ниеден момент освен во воведните мигови и водството од 2:0 на противникот, не дозволија поголемо изненадување.

На голот на македонската репрезентација беше расположен Ристовски кој тотално ги "отпиша" сите надежи на Романија. Во нападот нашиот капитен Лазаров беше на висина на својата задача како во ударите од далечина, така и во креирањето на играта и во изведувањето на ударите од 7 метри.

Со оваа победа нашата репезентација е многу блиску до пласман на наредното Светско Првенство во 2019 година, а реваншот за 3 дена во Романија треба да претставува само формалност.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/06/2018 22:21