Наследените катастрофални проблеми на автопатот Кичево - Охрид коишто ги чинеа граѓаните дополнителни стотици милиони евра, се надминуваат и автопатот почнува да се гради правилно и функционално.

Во моментот, интензивно се работи на осумте клучки коишто треба да бодат изградени на автопатот, се работи на дополнителни 40 киломтери алтернативни патишта што ги поврзуваат околните населени места со автопатот и се надминува пропустот во делот на тунелот.

Овие пропусти беа причина за забавување на изградбата на патот, а со тоа и причина за падот во делот на нискоградбата. По надминување на овие проблеми, градежните работи продолжуваат со засилено темпо во изградбата на автопатат.

Истовремено, процесот на изградба и реконтсрукција на 60 патни правци во вредност од 270 милиони евра, како и реализацијата на над 30 проекти во делот на комуналната инфраструктура создваат услови за раст и во делот на нискоградбата.

Со тоа градежништвото се враќа во посакуваниот правец со двоцифрени стапки на раст, што позитивно ќе влијае и врз севкупниот економски раст.

Владата предводена од СДСМ продолжува со санирање на штетите и спроведување на зацртаните мерки коишто обезбедуваат унапредување на инфраструктурата, повеќе инвестиции, нови рабони места и економски раст и развој.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/06/2018 16:53