Република Македонија тоне со СДСМ на власт. Со раст на БДП од 0.1% и пад на градежништво од 37% се покажува и докажува дека државата само се задолжува, а ништо не се работи особено на инфраструктурен план. За ваквата неработа и уназадување на државата СДСМ треба да одговара, а не да си игра со интелегенцијата на луѓето за наводни проблеми на некој проект па да се испере за својата неспособност и фијаското на инвестиционен план.
Сите тековни предизвици што се појавуваат во време на изградба се надминуваат со вредна работа и посветеност, но за жал на СДСМ овие зборови им се непознати и не го разбираат нивното значење.
Целата економија е во пад, само бизнисите на Евро Заев се зголемуваат. За една година СДСМ, Република Македонија е на дното на Европа, само бизнисите на Заеви се на врвот.
Народот веќе не ви верува и едноставно ви порачува дека веќе вашите лаги НЕ ПОМИНУВААТ.
Цела бизнис заедница е во грч и се жалат од вашите лажни ветување и ви порачуваат дека вашите лаги НЕ ПОМИНУВААТ, стопанството се жали од вашите интриги и гласно ви викаат НЕ ПОМИНУВААТ вашите празни зборови.
За жал Македонија и стопанството патат од најнеспособната влада во Европа која нема ниту еден свој капитален проект ниту пак визија како да се избегне ова фијаско за сите граѓани.
СДСМ наместо да се жали и измислува разни изговори, треба да почне да работи. Народот ја виде неспособноста на СДСМ и нивните лаги повеќе не поминуваат. Република Македонија не сака да оди кон провалијата во која ја турка СДСМ. Република Македонија заслужува подобро. Граѓаните заслужуваат подобро. Македонија ќе победи.