Соопштение до јавноста - реакција на изјавата на Горан Сугарески

Една година СДСМ е една напразно помината година за инфраструктурата. Повеќе од една година десетина инфраструктурни проекти неосновано се во застој.

СДСМ најавуваше 600 километри нови автопати и 550 километри нови магистрални патишта, а сега не можат ни да ги довршат патиштата почнати од ВМРО-ДПМНЕ. Сите три проекти со кои се фали Сугарески се започнати во време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ, за кои се обезбедени и средства за нивна изградба.

Реконструкцијата на делницата Кочани - Делчево е проект започнат уште во 2016 година. За оваа делница беше предвиден рок за реализација од 18 месеци што подразбираше проширување на коловозната лента, поставување на два асфалтни слоја и изградба на 3 нови мостови. За целата инвестиција беа обезбедени 6 милиони евра.

Експресниот пат Штип - Кочани е исто така проект на ВМРО-ДПМНЕ, договор за негова изградба е потпишан уште во 2016 година. Неговата должина изнесува 28 километри, а за негова изградба беа обезбедени 20 милиони евра. Со предвидена изградба во две фази, првата фаза од Штип до Крупиште, а втората фаза од Крупиште до Кочани.

СДСМ ги крие фактите, и мисли дека граѓаните се со кратко паметење. СДСМ повеќе од една година нема еден единствен проект од областа на инфраструктурата.

Повеќе од 8 месеци, власта не го пушти во употреба завршениот автопат Демир Капија – Смоквица само поради тоа што е изграден од владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Највисок дострел за оваа власт во сферата на инфраструктурата е организација на чочек во тунел при пуштање во употреба на делница од автопат изградена од ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ покажа дека не знае да работи. Граѓаните повеќе од една година се сведоци на општ застој во сите области. Република Македонија заслужува подобро. Граѓаните заслужуваат подобро.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/06/2018 01:17