ВМРО-ДПМНЕ, партијата што 11 години го урнисуваше здравството и ги погазуваше правата на пациентите, денес како опозиција не престанува да шири лажни вести.

Тоа што ВМРО-ДПМНЕ вади бројки од ракав и шири лажни наводи, не го менува фактот дека планот за централизацијата на медицинските лаборатории и набавката на реагенси ќе создаде заштеда од неколку милиони евра за државата и ќе овозможи подобри услови за пациентите, во секое населено место.

Со овој план, пациентите веќе нема да патуваат до други градови за анализи кои не се вршат во нивните места на живеење и нема да има дополнителни трошоци за пациентите, бидејќи резултатот ќе го добиваат онаму каде што живеат и каде што се лекуваат. Нема да патуваат граѓаните, како што манипулира ВМРО-ДПМНЕ.

Дополнително, централизираните набавки овозможуваат оптимално искористување на средствата и овозможуваат намалување на трошоците за тестирање за 10 до 20 отсто.

Залудни се лажните вести, граѓаните одамна не му веруваат на ВМРО-ДПМНЕ. Секоја мерка на Владата предводена од СДСМ е во интерес на граѓаните и подобрување на нивниот квалитет на живот.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/06/2018 01:22