Ова ли се заложбите за чист воздух, здрава животна средина и дали е ова грижа за здравјето на граѓаните? Ова ли е животот што ни се нудеше пред повеќе од година ипол? Не почитувани граѓани, ова е класичен еколошки геноцид, незнаење, неспособност и негрижа од страна на актуелната влада за здравјето на граѓаните од Кичево.

Производството на струја во РЕК Осломеј, покрај тоа што ја загадува животната средина исто така е сериозна опасност по здравјето на граѓаните, но тој исто така генерира дневна загуба од речиси 240.000 евра, четврт милион.

Произведување на струја во РЕК Осломеј е нерентабилно и носи директни загуби на граѓаните. Цената на струјата произведена во РЕК Осломеј е неколкукратно поголема од регулираната.

Долгорочно производство на струја во РЕК Осломеј ќе носи милионски загуби и непроценливи штети врз животната средина и граѓаните. Десетдневно работење на РЕК Осломеј ќе значи директна финансиска загуба од 2 милиони и 400 илјади евра. Потенцирам за само 10 дена граѓаните губат 2 милиони и 400 илјади евра.

СДСМ е вистинска непогода и катаклизма за енергетиката. Една година СДСМ е еднакво на една година економски загуби за граѓаните и еколошки геноцид за животната средина и за сите граѓани кои што живеат во тој регион. Ова систематско уништување на енергетиката мора да запре и да прекине.

Почитувани граѓани,

Република Македонија и граѓаните во нејзе заслужуваат многу подобро од власта на СДСМ.

Овој криминален картел мора да се разбие и да падне од власт.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/06/2018 13:28