Министерот Дамјан Манчевски денеска изврши класичен притисок врз законодавната власт со намера да се донесе неквалитетен закон кој што ќе овозможи груба партизација на медиумските регулаторни тела. Регулаторните тела треба да се независни, а тоа што СДСМ се обидува да го наметне е токму спротивното.
Тоа што ја интересира СДСМ е набрзина носење на закон кој што ќе им овозможи владеење со медиумски креиран мрак и лишување на граѓаните од информациите за неработењето, партизацијата на администрацијата, злоупотребите на власта, штетните политики во сите сфери, осиромашувањето на граѓаните, девастирањето на државата дома и на меѓународен план.
Собраниските комисии работат со определена динамика која овозможува квалитетна дискусија која ќе донесе подобрен законски текст, а во таа насока се и поднесените амандмани од ВМРО-ДПМНЕ. Притоа амандманите содржат квалитетни решенија кои го подобруваат текстот на Законот и нема да дозволат власта да има целосна партиска контрола врз независните тела. Доколку ВМРО-ДПМНЕ сакаше да го блокира процесот на носење на законот немаше да поднесе само 60-тина амандмани, кои сепак, произлегуваат од јавните расправи организирани во Собранието и согласно размислувањата за подобар Законски текст.
Во однос на динамиката на Собраниската комисија работи според определена динамика, членовите на оваа комисија учествуваат и во работата на Собранието, како и во други тела.
Доколку Министерот Манчевски бара собраниската комисија да работи непрекинато, тогаш ние апелираме тој заедно со другите министри во владата да работат деноноќно за да ги поправат работите во економијата по евидентната економска катастрофа регистрирана и од меѓународните економски институции.