Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја обвини власта дека целосно капитулирала во преговорите со Грција и дека ние како Македонија ништо немаме добиено како краен резултат од преговорите, туку веќе стекнато право да се декларираме како Македонци го претставува како голема победа.
На новинарско прашање како ВМРО-ДПМНЕ ќе се изјасни на референдумот за промена на името, лидерот на најголемата опозициона партија истакна дека референдумот прво мора да биде задолжителен и дека тој лично како Христијан Мицкоски, граѓанин на Република Македонија ќе гласа против промена на Уставното име.